
Научниците од Харвард: Исклучувањето на оваа вообичаена состојка од вашата исхрана ќе го намали ризикот од рана смрт
Новото истражување покажува дека консумирањето растителни масла е поврзано со подолг животен век, додека прекумерното консумирање путер може да го зголеми ризикот од смрт.
Препорачано
Замената на путерот со растителни масла може значително да го намали ризикот од разни болести, вклучително и срцеви заболувања.
Прекумерното консумирање путер може да го скрати животниот век, покажа новото истражување – додека консумирањето на растителни масла го продолжува животниот век.
Научниците од Харвард открија дека луѓето кои јадат поголеми количини путер имаат 15 отсто поголем ризик од смрт – од која било причина – од оние кои јадат помали количини.
Од друга страна, високиот внес на растителни масла, како што се пченкарно и маслиново, се чини дека позитивно влијае на здравјето. Замената на путерот со растителни масла – од кој било вид – ја намалило веројатноста за смрт за речиси 20 отсто.
Всушност, секои 10 грама дневно зголемување на внесот на растително масло го намалуваат ризикот од смрт од срцеви заболувања за шест отсто. Истовремено, дневното зголемување на внесот на путер од 10 грама го зголемило ризикот од смрт за 12 отсто.
Со едноставнa замена на путерот со растително масло, учесниците го намалиле ризикот од смрт за 17 отсто.
Долгорочно следење на навиките во исхраната
Во период од 50 години, научниците следеле повеќе од 221.000 Американци, анализирајќи ги нивните навики во исхраната преку прашалници за храна. Тие направија револуционерно откритие. Во текот на студијата, 50.932 учесници починале – 12.241 од рак и 11.240 од срцеви заболувања, пишува „Индепендент“.
„Ова е важна студија која покажува дека луѓето кои јадат путер не живеат толку долго како оние кои избираат растителни масла“, рекол д-р Том Сандерс, почесен професор по исхрана и диететика на Кралскиот колеџ во Лондон.
Како што наведува, путерот е богат со заситени масти, содржи некои транс масни киселини (масти кои се однесуваат слично како заситените масти), но има мошне малку полинезаситени масти (масти кои помагаат да се намали холестеролот).
Од друга страна, нехидрогенизираните масла од соја, канола и маслиновото масло имаат низок удел на заситени масни киселини, но висок удел на незаситени масти.
Кои видови масла да ги изберете?
„Клучната порака е дека е поздраво да се избираат незаситени растителни масла наместо путер. Ова е особено важно бидејќи на социјалните мрежи се шират негативни информации за растителните масла, засновани на неосновани тврдења за потенцијални штетни ефекти, наместо на смртните случаи опишани во оваа студија“, велат истражувачите.
Одамна е познато дека заситените масти придонесуваат за зголемено ниво на холестерол и поголем ризик од срцеви заболувања. Ова се случува кога таложењето на масните наслаги ги стеснува крвните садови и го зголемува ризикот од мозочен удар. Прекумерното консумирање исто така може да доведе до зголемување на телесната тежина, што е фактор на ризик за дијабетес тип 2.
Не се сите масла исти
Британската фондација за срце ги советува луѓето кои се загрижени за холестеролот да го заменат путерот со маргарин, кој се прави од растителни масла. Тие содржат поголем дел од незаситени масти, како што се полинезаситените и мононезаситените масти, кои се сметаат за корисни за здравјето на срцето. Меѓутоа, сите масла не се исти.
Маслата од семки – категорија на растителни масла која вклучува масла од канола, сончоглед, ленено семе, пченка – неодамна беа се најдоа на удар на научниците кои ги поврзуваат со состојби како дијабетес тип 2, болести на срцето, депресија, па дури и Алцхајмерова болест. Некои истражувања сугерираат дека овие масла може да ја зголемат стапката на рак.
Тоа е затоа што маслата од семки содржат високи нивоа на омега-6 масни киселини, супстанции за кои се смета дека поттикнуваат воспаление – што му помага на ракот да расте и го спречува телото да се бори против туморот. Меѓутоа, постојат спротивставени мислења дека маслата од омега-6 се корисни, па дури и неопходни за нашето здравје.
Линолеинската киселина – најчестата форма на омега-6 во маслата од семки – помага во одржување на здрава кожа и е дел од клеточните мембрани. Истражувањата исто така покажуваат дека луѓето со поголем внес на линолеинска киселина имаат помал ризик од смрт од срцеви болести, поради неговата способност да го намали нивото на „лошиот“ холестерол. Накратко, препораката е да се консумира путер умерено и да се претпочитаат растителни масла, со внимателен избор на видот на масло.