Фото: X

ИСИС стои зад нападот во Њу Орлеанс?

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) треба да утврди дали нападот во Њу Орлеанс на 1 јануари бил инспириран или планиран од Исламската држава (ИСИС), изјави експертот за безбедност од Азиско-пацифичката фондација Саџан М. Гоел.

Гоел за „Си-ен-ен“ изјави дека нападот во Њу Орлеанс покажува желба да се максимизира бројот на жртви. Тој потсети дека во минатото имало неколку напади со возила извршени од припадници на ИСИС.

Гоел оцени дека нападот бил добро испланиран. Бројот на загинати во вчерашниот напад во Њу Орлеанс се зголеми на 15, а најмалку 35 лица се повредени, јави денеска Си-ен-ен.

Американскиот државјанин Шамсуд Дин Бахар Џабар (42) е осомничен дека со својот пик-ап влетал во толпа луѓе на улица и убивал минувачи. Тој беше убиен во пресметка со полицијата вчера околу 3 часот и 15 минути по локално време, во дел од Њу Орлеанс каде се одржуваа неколку новогодишни прослави, јавува Танјуг.

ФБИ соопшти дека во неговото возило било пронајдено знаме на Исламската држава.

Откако возилото застанало, возачот излегол од возилото и отворил оган врз полицајците кои реагирале, соопшти полицијата на Њу Орлеанс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот