фото: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип

Иранецот Махди Задмард едвај чека да игра за македонската одбојкарска репрезентација

Одбојкарскиот клуб Штип Угд направи интервју со својот играч Махди Задмард – Зади околу неговиот престој во Штип, за споредбата меѓу Македонија – Иран од аспект на нивото и инфраструктурата во спортот, особено одбојката.

Ги сподели и амбициите на ОК Штип УГД, а исто така е во постапка за добивање македонски пасош за да може да игра за македонската одбојкарска репрезентација. Еве што значи тоа за него:

– Многу значи да се игра за национален тим. Едвај чекам да ја добијам шансата да ги бранам „црвено-жолтите“ бои и да дадам сè од себе за оваа нација, затоа што, како што реков, ми стана втор дом – вели Задмард.

Целото интервју на Одбојкарскиот клуб Штип Угд со Махди Задмард можете да го прочитате ТУКА

Моментно нашите најдобри одбојкари предводени од селекторот Јошко Миленкоски се подготвуваат за настапот во ЦЕВ Европската Златна лига.

Одбојкарите ги одработуваат и последните подготовки за Златната лига, Финска е првиот противник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот