Приказ на енергетски коридор во Ерменија кој ќе биде под контрола на САД

Иран се спротивставува на предлогот на Трамп за отворање коридор низ Ерменија

Официјален Техеран денес објави дека се спротивставува на создавањето коридор низ Ерменија, кој е поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, а кој би го поврзал Азербејџан со Нахчиван, главниот град на Автономната Република Нахчиван, која е дел од Азербејџан.

Советникот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати изјави дека Иран се спротивставува на отворањето на Коридорот Зангезур, кој го застапуваше Трамп како дел од мировна декларација потпишана вчера меѓу Ерменија и Азербејџан, а кој би го поврзал Нахчиванџ, главниот град на Автономната Република Нахчиван, со Азербејџан.

„Односите во овој регион не се ограничени само на две земји – Азербејџан и Ерменија. Геополитичките промени во Јужен Кавказ ги поместуваат и границите на Иран, па затоа имаме право да ги браниме нашите интереси на најрешителен начин. Спроведувањето на овој заговор ја загрозува безбедноста на Јужен Кавказ. Ние ќе ја заштитиме безбедноста на Јужен Кавказ, со или без Русија, но веруваме дека и Русија е против овој коридор“, изјави Велајати за иранската новинска агенција Тасним.

Тој додаде дека Зангезурскиот коридор не е само „земја“ што лесно може да се изнајми, туку е дел од државната територија.

Велајати предупреди дека проширувањето на американското влијание во овој регион може да резултира и со проширување на влијанието на НАТО во областа на Јужен Кавказ и рече дека официјален Техеран нема да го дозволи тоа.

Лидери на САД, Ерменија и Азербејџан, Доналд Трамп, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, во петокот потпишаа заедничка декларација за мирно решавање на конфликтот меѓу Ереван и Баку.

Еден од постигнатите договори е, како што објави РИА Новости, проектот „Трамповиот пат за мир и просперитет“, кој, меѓу другото, има за цел да обезбеди транспортни врски меѓу Азербејџан и неговата Нахчиванска Автономна Република преку територијата на Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот