Интел / Фото EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Интел ќе му исплати 10 милиони долари отпремнина на поранешниот извршен директор

Американскиот производител на чипови Интел ќе му исплати на својот поранешен извршен директор Пет Гелсинџер 10 милиони долари отпремнина, објави денеска компанијата во извештајот до американската Комисија за хартии од вредност – пишува Телеграф.рс.

Гелсинџер ја загуби довербата на извршниот одбор поради лоши резултати во Интел, кои беа означени како „катастрофални“, а од 1 декември повеќе не е директор на компанијата.

Приходите на Интел паднаа на 54 милијарди долари во 2023 година, што е за една третина помалку од 2021 година кога Гелсинџер ја презеде функцијата извршен директор.

Фирмата реше дека ќе укине повеќе од 15.000 работни места како дел од планот за намалување на трошоците од 10 милијарди долари и ја одложи изградбата на неколку капацитети за производство на чипови.

Аналитичарите очекуваат Интел да оствари загуба од 3,68 милијарди долари оваа година, што е негова прва годишна нето загуба од 1986 година.

Вчера пазарите позитивно реагираа на веста за заминувањето на Гелсинџер и акциите на Интел пораснаа за пет отсто, додава американската медиумска компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот