
Инстант милионерка: Втрчување вредно 4 милиони евра
Навивачката која влета на теренот за време на финалето од ЛШ помеѓу Ливерпул и Тотенхем, Кинси Волански, не престанува да го привлекува вниманието на медиумите кои секој час објавуваат нови детали за атрактивната блондинка.
Препорачано
Овој пат, англиските медиуми пишуваат за самиот упад на теренот и тоа колку пари заработи Кинси, односно, нејзиното момче Виталиј Здоровецки.
Таа на теренот на стадионот „Ванда Метрополитано“ излезе во трико на кое беше напишан сајтот за возрасни кој е во сопственост на нејзиното момче.
Рекламата им донесе вистинско богатство на Кинси и Виталиј, по нејзиниот упад на теренот, сајтот доби нови 32 милиони корисници и само од рекламите заработи околу 4 милиони евра.
– Не можев да верувам колкаво внимание ќе предизвика мојот потег и дека ќе добијам толку поради со поддршка – изјави Кинси.
Таа откри и дека билетот за да присуствува на финалниот дуел помеѓу Ливерпул и Тотенхем ја добила од вработен во УЕФА и тоа додека била на одмор на Ибица.
„Едно преубаво момче кое работи за УЕФА ми го даде овој поклон на аеродромот“, напиша атрактивната блондинка на својот профил на Твитер.
The sweetest guy who works for UEFA gave me this plaque in the airport ??? pic.twitter.com/nLF83BnD8i
— Kinsey wolanski (@KinseyWolanski) June 2, 2019
Бидејќи стана инстант ѕвезда и сајтот за возрасни доби нови неверојатни 32 милиони претплатници, Кинси им приреди пријатно изненадување на своите обожаватели.
– Сакам да направам нешто посебно за сите луѓе кои почнаа да ме следат на социјалните мрежи и ќе им поклонам 1.000 потпишани постери со мојот лик – истакна Кинси.