Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Инспекторите на терен – ситни забелешки за цените, изречени се опомени

Од мониторингот кај трговците на мало, односно во маркетите, е утврдено дека цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто, но се додадени и околу 30 нови производи – млеко и млечни производи, месо и месни производи, масло и јајца, каде се бележи намалување од 10 до 20 отсто, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Оттаму додаваат дека од вчера пазарниот инспекторат е на терен низ цела Македонија и врши контроли кај добавувачите, производителите и маркетите.

-Мониторинг на цените се спроведува кај производите кои се дел од Новогодишната кошница, но дополнително и кај одредени основни прехранбени производи кои не се дел од кошничката – информираат од ДПИ.

Во месец ноември, како што е посочено во соопштението, постоело зголемување на цените на основните прехранбени производи, но со започнувањето на акцијата „Новогодишна кошница“ постигнато е нивно стабилизирање и намалување.

-Маркетите генерално се придржуваат до акцијата за намалување на основните прехранбени производи, а констатирани се ситни забелешки во однос на обележување на цените и самите цени, што по изречените опомени беа коригирани и отстранети. Кај добавувачите и производителите односно трговците на големо контролите се во тек, а по нивно завршување ќе ја информираме јавноста за утврдената фактичка состојба – се наведува во соопштението од ДПИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот