Смрзнати јагоди / Фото: Wikimedia Commons / Bernal Saborio

Инсектицид забранет во ЕУ е пронајден во смрзнати јагоди од Србија

Белгија објави дека нејзините фитосанитарни служби ја откриле хемиската супстанца форметанат, која се користи како инсектицид и од 2019 година е забранета во Европската унија, во пратка со замрзнати јагоди кои потекнуваат од Србија, според објава на официјалната интернет страна на Европскиот систем за брзо предупредување за храна (RASFF).

Според европското тело, јадењето на ова овошје може да доведе до „сериозен ризик за здравјето на луѓето”, пренесе „Еуроњуз“.

Форметанатот во многу земји и денеска се користи како инсектицид во земјоделското производство, за контрола на инсекти и грини (акари) – особено во овоштарството. Тој често се применува кај јаболка, праски, нектарини и цитруси за заштита од штетници како што се јаболковиот плодов црв и црвената пајакова гриња.

Иако е ефикасен во борбата против штетници, форметанатот е класифициран како токсичен за човековото здравје и животната средина. Според Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), тој може да предизвика акутни невролошки симптоми при изложеност, вклучително и главоболки, вртоглавица, гадење и во потешки случаи – нарушувања на моториката и дишењето.

Ова не е првпат оваа година Белгија да пријави овошје од Србија во кое открила штетни хемикалии. Во јануари, службите соопштија дека „пронашле кадмиум во замрзнати малини од Србија”, како што беше соопштено на веб-страницата на Европскиот систем за предупредување за храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот