фото: EPA-EFE/R. GARCIA

Ињиго Мартинез во Барса со откупна клаузула од 400 милиони евра

Нов фудбалер на Барселона е Ињиго Мартинез (32) кој до сега ги бранеше боите на Атлетик Билбао, соопштија од каталонскиот клуб.

Централниот бек се согласи за договор кој ќе трае до 30 јуни 2025 година, со откупна клаузула од 400 милиони евра.

Овој искусен дефанзивец, кој настапуваше и за Реал Сосиедад, во „Ла Лига“ запиша над 350 настапи и 22 голови.

Вкупно 20 пати го носеше дресот на шпанската репрезентација, а не се најде на списокот на Луис де ла Фуенте за јунските квалификации за Евро 2024.

Ова е второ летно засилување за Барса која претходно го ангажираше Илкај Гундоган од Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот