Обработка на податоци: Слободен печат / Иван Самарџиев

ИНФОГРАФИК: Кој е рускиот дрон „самоубиец“ кој сее страв во Украина

Додека украинската војска е немоќна деновиве да ги сопре нападите на беспилотни летала „самоубијци” од иранско производство кои го бомбардираат Киев, мнгоу малку од јавноста знае точно за спецификациите на овој дрон. Колкава е неговата ефективна употреба на далечина, како се наведува, начинот на полнење на боевата глава но и за тоа кои му се неговите слабости. Од она што се пишува во светските медиуми за популарно наречениот „Камиказа дрон“ засега е познато дека тој има деструктивна моќ, истиот е релативно мал по обем, не користи софистицирана технологија и тој тешко може да се собори од страна на украинските сили.

Каков дрон е Шахед -136 (руски Геран-2)

Од достапните информации на Интернет се верува дека Русија го користи беспилотното летало Шахед-136 кој е од иранско производство во конфликтот во Украина од средината на септември. Русите го нарекуваат и Гераниум-2, има експлозив во боевата глава и е дизајниран да лебди над целта додека не добие наредба за напад. Шахед-136 има распон на крилата од околу 2,5 метри и тешко е да се открие на радарот. Не е јасно колку точно има Русија, но САД рекоа дека Иран планира да испрати стотици во Русија. Иран во меѓувреме го негираше ова.

Според „Графикњуз“ интернет портал кој се бави со публикување на вакви содржини пишува дека во носот на беспилотното летало има боева глава за која се проценува дека тежи и до 60 килограми. Истата може да се наполни со различен експлозивен материјал а максималниот опсег на летање е околу 2.000 км. Порталот наведува дека ова оружје е релативно евтино и истото може да се програмира да лета автоматски со збир на ГПС координати и со ограничен товар со експлозив.

Колку се опасни дроновите?

Експертите сметаат дека дроновите не се многу ефикасно оружје, без оглед што нивните смртоносни напади се повторуваат. Џереми Бини кој работи за аналитичката компанија „Џејнс“ за АФП изјави дека системот на летала често откажува бидејќи компонентите од кои се прават најчесто не се квалитетни. Освен тоа и количеството на експлозив кој го носат е „релативно мало“. Затоа дроновите, според него немаат големо влијание на текот на војната.

За американскиот магазин Политико една украинска офицерка вели дека е фатално тоа што дроновите тешко се откриваат со помош на радар, па така нејзината единица изгубила два тенка со посадите кај Херсон.

Портпаролката на украинската војска Наталија Хуменјук изјави дека дроновите освен тоа значително го зголемуваат „психолошкиот притисок“ на населението. Бучавата која ја предизвикуваат додека летаат предизвикува страв кај луѓето кои и онака се со „тенки нерви“.

ВИДЕО | Војната со дронови продолжува: Експертите објаснуваат зошто Русите сега користат дронови и колку е деструктивна нивната моќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот