Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инфлуенсерка почина на 24 години, беше позната по дегустирање на шминка

Инфлуенсерката Гуава Шиушуи, позната како Гуава Бјути, почина на 24 мај, по, како што се наведува, „ненадејна болест“. Веста за смртта на младата инфлуенсерка неодамна беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил, пренесува „Дејли мејл“.

Шиушуи беше позната по својата оригинална содржина во областа на убавината и негата – тестираше шминка, оценуваше производи, а посебно внимание привлече со дегустација на козметиката за време на шминкањето, што стана нејзин заштитен знак.

Во официјалното соопштение на семејството, беше истакнато дека смртта настапила ненадејно, но причината за смртта не беше објавена, во согласност со желбите на роднините.

Недели пред да биде потврдена веста за нејзината смрт, социјалните мрежи беа преплавени со шпекулации и дезинформации. На ова се осврна нејзината пријателка, која во објава ги негираше тврдењата дека консумирањето козметика довела до здравствени проблеми.

– Кога првпат беше примена во болница, медицинскиот тим веднаш ја исклучи секоја врска со козметиката – напишала таа.

Таа додаде дека Шиушуи секогаш ги предупредувала своите следбеници да не консумираат козметика, истакнувајќи дека нејзината содржина е забавна, но и едукативна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 芭樂水水 (@guava_beauty_)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот