Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Инфантино најавува одземање на бодови поради расизам

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) предложи автоматско одземање на бодови за екипата чиј навивачи ќе шират расизам во текот на натпреварите.

Ваквата реакција на Инфантино доаѓа откако навивачите на Удинезе во вчерашниот натпревар на расна основа го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањан. Мила во овој натпревар на крајот славеше победа од 3:2.

Навивачите на Шефилд исто така го навредуваа фудбалерот Касеј Палмер од редовите на Ковентри во натпреварот од 28. коло во Чемпионшип.

„Покрај процес во три чекори мораме автоматски да запишеме пораз на екипата чиј навивачи го започнале расизамот и предизвикале прекин на натпреварот. Тука се и мерките како суспензија и кривични пријави“, изјави првиот човек на ФИФА.

Споредп оследните информации ваквиот предлог им се допаѓа и на останатите луѓе во раководството на ФИФА.

ВИДЕО: Расизам на фудбалски меч во Италија, голманот на Милан Мањан го напушти теренот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот