
Инѕаги: Ламин Јамал е феномен што се случува на секои 50 години
Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу фудбалерите на Барселона и Интер беше обележан со голот и големиот јубилеј на младиот Ламин Јамал.
Препорачано
Имено, на тој натпревар Јамал играше за Барса по 100 пат, што е голем успех на 17-годишна возраст.
На синоќешниот меч, тој направи што сакаше на теренот, а целосно го импресионираше и гостинскиот тренер Симоне Инѕаги, кој не штедеше пофални зборови на прес-конференцијата.
– Ламин Јамал? Не сум видел играч како него во последните осум или девет години. Тој ни создаваше големи проблеми, мораше да го удвоиме, а кога тоа не беше доволно, имавме трет играч кој ни помогна да го запреме – рече италијанскиот тренер, воодушевен од потенцијалот на одличниот играч на Блауграна, пишува каталонскиот спортски весник Мундо Депортиво.
Пофалбите не завршија тука, бидејќи Инѕаги додаде дека „Јамал е феномен што се случува на секои 50 години“.
Во врска со реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој ќе се игра во Милано следниот вторник, Инѕаги изјави дека „натпреварот ќе биде како финале“.
– Тоа е големо задоволство. Одигравме одличен натпревар против најдобриот тим во светот. Секако дека има малку жалење поради големото водство што го имавме, а исто така и поништениот гол, што е нешто што сè уште не го разбирам. Тие работи можат да направат разлика – се зборовите на Инѕаги.