pixabay

Индиски хороскоп: Oткриjте каква е вашата вистинска природа

Mesha (Овен) – Амбиција

Владејачката планета на овој знак е Марс. Тоа на овој хороскопски знак му дава авантуристички дух. Родените во овој знак се претежно лидери на тимови кои сакаат да даваат наредби и да се грижат за сите свои подредени. Нивните главни квалитети се храброста и бестрашноста кои секогаш ги водат напред.

Меш е авантуристички, импулсивен, полн со енергија, искрен и директен. Но, многу тврдоглав, а уште побрзо се навредува. Припадниците на овој знак најмногу страдаат од вртоглавица и се склони кон мигрена. Покрај тоа, тие се одлични спортисти, војници, истражувачи или лекари. Идеален партнер за овој знак би бил Вриша или Кања.

Овој знак е кардинален, машки и подвижен. Познат е уште како знак на жртвување. Луѓето родени во овој знак лесно ги завршуваат дадените задачи. Сериозни се и секогаш го реализираат тоа што ќе го замислат. Нивната ментална сила ги прави многу амбициозни. Имаат смисла за иницијатива и затоа се едни од најдобрите водачи. Љубовта не ја сфаќаат сериозно на почетокот, но со текот на времето стануваат верни.

Vrishabha (Бик) – Големо срце

Припадниците на овој знак се многу тврдоглави и ретко слушаат совети на други. Но, многу лесно ќе постигнат сè што ќе посакаат во животот и никогаш нема да се откажат од своите цели. Сепак, многу тешко создаваат пријатели, но штом ќе се спријателат со некого, остануваат верни и лојални во сите ситуации. Тие се сметаат за сигурни, практични и амбициозни луѓе, што им го олеснува напредокот во работата.

Во љубовта секогаш се лојални и верни, но и крајно љубоморни на секој што ќе му пријде на нивниот партнер. Тие се добри тимски играчи, но нивната тврдоглавост често може да ја уништи заедничката работа. Во животот често ги попречува стравот од болест, па затоа овој знак најчесто избира занимање тесно поврзано со медицина, осигурување или образование. Најчесто имаат проблеми со тироидната жлезда, вилиците и вените.

Бикот е земјен, женски и фиксен знак. Родените во знакот на Бикот се храбри и љубезни. Знаат да бидат и многу дарежливи, посебно кога не се под притисок од другите. Способни се да го носат „товарот“ на околината. Комуникативни се и немаат проблем со изразувањето во јавност. Не поднесуваат немарност и површност. Кај другите најмногу ја ценат довербата. Полни се со љубов и копнеат по романтика. Биковите се едни од најверните знаци во љубовта.

Mithuna (Близнаци) – Хумор

Митун е третиот знак во индиската астрологија. Родените во овој знак се сложени по природа. Тие се многу љубезни, дарежливи и често им помагаат на сиромашните или волонтираат во разни организации. Со задоволство ќе ги прифатат сите активности и ќе ги извршуваат посветено, но често им недостига време да се посветат на секоја од нив. Тие се многу флексибилни по природа и можат да се прилагодат на широк спектар на карактери.

Митун сака да биде во центарот на вниманието. Партнерот мора да му одговара на ментално ниво и мора да знае како да се справи со неговиот темперамент. Многу добро се согласува со знакот Кумба. Припадниците на овој знак често страдаат од белодробни заболувања и чести фрактури на коските.

Во индиската астрологија, Близнаците се променлив, машки и двоен знак. Вредни се, но сакаат да наредуваат. Заради двојноста на знакот, сè што прават е со двојно поголема енергија. Заради нивната двојна природа, карактеристиките на родените во овој знак се спротивни едни на други. Љубопитни се и постојано прашуваат. Нивна главна карактеристика е хуморот, кој го користат како средство за заведување. Во љубовта важат за најнеодолив знак.

Kataka/Кarka (Рак) – Чувствителност

Карка е знак со кој владее Месечината. Тие се многу сочувствителни и чувствителни. Често не им веруваат на другите, што им создава проблеми во интимните и љубовните врски. Често се нерасположени и се сомневаат во луѓето. За да развијат врска со некого, најпрво мора да ја зајакнат довербата и вербата во него.

Карка не е лесно да се разбере и неговото расположение често се менува. Идеални партнери за него се Вритчик и Макар. Многу припадници на овој знак имаат проблеми со желудникот, панкреасот и црниот дроб. Идеални занимања за овој знак се новинарството, политиката или литературата.

Овој знак е кардинален, женски и подвижен знак, кој се поврзува со ноќта и водата. Родените во овој знак имаат повеќе таленти, но потребно им е соодветно образование, за да ги развијат. Имаат неверојатна интелигенција и брзо учат. Истовремено се чувствителни и таинствени. Најважно им е семејството. Во љубовта се многу интуитивни, но се плашат дека ќе бидат оставени од партнерот.

Simha (Лав) – Непопустливост

Симха е карактеристика на Лавот. Припадниците на овој знак често се романтични и креативни. Сакаат забава и чести собири со пријателите. Креативни се, дарежливи и пред сè верни. Нивната сила и храброст речиси секогаш го обезбедуваат нивниот успех. Тој е вистинскиот крал на Зодијакот. Симха никогаш не се откажува и ретко ќе ги повика другите да му помогнат.

Припадниците на овој знак често се болни, но доброто е што закрепнуваат побрзо од другите. Најчесто ги мачиат проблеми со срцето, вените и кичмата. Секогаш се амбициозни во работата и не сакаат да прават ништо. Најдобрите работни места за овој знак се политичар, банкар или менаџер. Покрај тоа, тие се и одлични организатори, па ретко нешто им недостасува. Во љубовта е тешко да бидете во чекор со нив бидејќи имаат големи очекувања. Нивната сродна душа е Кумбха кој ги разбира неговите потреби.

Лавот е фиксен, огнен и машки знак. Родените во знакот на Лавот се дарежливи, симпатични и доста привлечни за спротивниот пол. Во состојба се целото внимание да им го посветат на другите. Емотивни се и интуитивни. Сакаат да уживаат во раскош. Парите им се многу важни. Во борбите не попуштаат додека не победат. Многу се горделиви и не поднесуваат рамнодушност. Во љубовта се шармантни, но не се секогаш верни.

Kanya (Девица) – Ја следи својата мисија

Со овој знак владее Меркур. Кања е симбол на совршенство. Припадниците на овој знак се многу точни и прецизни во сè што прават. Тие лесно ќе ги решат сите проблеми на едноставен и методичен начин. Кања е најдобриот вработен кој секој работодавец може да го посака. Сака да се најде во улога на шеф и да го надгледува секој чекор од работата.

Припадниците на знакот Кања најмногу ги мачат воспаленија на црниот дроб, слезината или цревата. Најсоодветна работа за нив би била да работи во библиотека или во некоја адвокатска канцеларија. Не се снаоѓаат најдобро во тимска работа. Нивната идеална сродна душа е во знакот Мена бидејќи е сочувствителен и знае што му треба на Кања.

Во индиската астрологија, Девицата е женски, ноќен и земјен знак. Родените во овој знак се педантни и методични. Се сметаат за големи исцелители затоа што нивните раце поседуваат магнетна моќ на исцелување. Постојано се грижат за другите. Сакаат да читаат и да се образуваат во склад со нивните амбиции. Љубезни се, но и строги. Не поднесуваат неверство. Прво се одлучуваат за заеднички живот, а потоа за брак.

Tula (Вага) – Приврзаност

Со овој знак владее Венера. Родените во овој знак се одлични дипломати. Тие секогаш бараат рамнотежа и хармонија. Сакаат да им угодуваат на другите луѓе. Тула е друштвен и весел знак, но и паметен. Освен тоа, една од најважните одлики на овој знак е вечниот оптимизам. На другите секогаш им дава надеж за подобро утре.

Припадниците на овој знак најчесто имаат проблеми со бубрезите, ‘рбетот и мочниот меур. Идеална професија за овој знак е композитор, адвокат или моден дизајнер. Нивната неодлучност и стрес ќе им донесат најмногу проблеми во кариерата. Во љубовта се многу успешни и им одговараат речиси сите карактери, но најмногу Вриша.

Овој знак е кардинален, воздушен, дневен, подвижен и машки. Вагата како знак се поврзува со човековата прогресивност. Луѓето родени во овој знак се енергични, амбициозни и дарежливи. Ако им се случи нешто лошо, брзо закрепнуваат. Се занимаваат со пресметки и интриги. Друштвени се и најсреќни се кога се во друштво на пријателите. Не поднесуваат прекини во работењето. Заради нивната хуманост, често не ги согледуваат туѓите замки.

Vrisciha (Скорпија) – Водна струја

Вритчик е воден знак. Многу мистериозен и магнетски привлечен за спротивниот пол. Родените во овој знак копнеат за емоции и се многу страсни. Однадвор изгледаат мирно, но можат да еруптираат како вулкани. Меѓу другото, неговата волја и истрајност секогаш ги водат до деловен успех.

Најдобрите работни места за припадниците на овој знак се истражувања, медицина или образование. Најчесто се соочуваат со воспаление на вените, црниот дроб и дебелото црево кои може да им предизвикаат големи проблеми. Во љубовта, Вритчик е мистериозен и плашлив, а најмногу му одговара Вриша.

Скорпијата е фиксен, ноќен и воден знак. Овој знак е во сојуз со големите сили на океаните. Родените во овој знак шират позитивни вибрации што им дава голема виталност преку електро-магнетните влијанија. Важат за спиритуални луѓе и заради тоа се посветени да му помогнат на човештвото. Во индиската астрологија, со овој знак владее богот Шива, познат по тоа што уништува за да изгради нешто подобро. Припадниците на овој знак се доста активни. Во љубовта не ги покажуваат чувствата и ризикуваат да го искомплицираат односот со партнерот.

Dhanus (Стрелец) – Оптимизам

Со овој знак владее Јупитер, поради што е исклучително импулсивен и љубопитен. Данус има позитивен став кон животот, за што придонесува неговата живост, сестраност и општата љубов кон животот.

Тој е лојален и независен, сака многу да патува и истражува. Амбициозноста, чесноста и дарежливоста секогаш ќе му донесат деловен успех доколку се занимава со наука, музика, хуманистички науки или односи со јавноста. Луѓето го сакаат и тој е одлично друштво, а во љубовта најмногу му одговараат толерантни луѓе како Кумбха или Тула.

Во индиската астрологија, Стрелецот е огнен, дневен и машки знак. Родените во овој знак точно знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат целта. Се занимаваат со окултното, а многу од нив имаат тенденција да станат пророци. Постојано се зафатени со нешто. Полни се со ентузијазам и оптимизам. Постојано ризикуваат со парите. Ги привлекуваат поинакви личности и затоа често се заљубуваат во странци, подготвени да започнат нов начин на живеење.

Makara (Јарец) – Труд и настојување

Владејачката планета на овој знак е Сатурн. Овој знак е многу амбициозен и секогаш ги исполнува сите цели што си ги поставил во животот. Родените во овој знак се вистински работохоличари и тешко им е да одбијат каква било задача поврзана со нивната работа.

Најмногу им одговара работа како администратор или менаџер. Иако се многу лојални пријатели, одвреме-навреме знаат да се однесуваат ладно и снобски. Тие се склони кон болести на кожата и косата, но цврстината и истрајноста ќе им помогнат да ги надминат сите неволји. Постојано бара љубов и му треба силен партнер како Вриша.

Овој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост.

Kumbha (Водолија) – Слобода

Владејачката планета на овој знак е Уран, поради што Кумбх е личност со силни убедувања и секогаш во потрага по вистината. Иако се идеалисти, тие се практични. Често го менуваат расположението, нивниот темперамент е непредвидлив и често може да се види во луто и нервозно издание. Идеална работа за припадниците на овој знак се компјутерските науки, воздухопловство или машинско инженерство.

Поради својата нервоза често страдаат од депресија или вртоглавица. Импулсивниот карактер не му гарантира љубовна бајка, но партнер кој најдобро ќе го разбере е во знакот на Макара.

Водолијата е машки и фиксен знак, што се поврзува со душата, памтењето и дифузните знаења. Родените во овој знак се истовремено најсилните и најслабите луѓе. Природно се надарени со големи можности и се сметаат за духовни исцелители. Ја сакаат сопствената слобода, но ја почитуваат и туѓата. Пријателите се нивно засолниште. Во љубовта важат за срамежливи и ретко го прават првиот чекор.

Mina (Риби) – Воздржаност

Со Меен владее Нептун, поради што припадниците на овој знак имаат силна интуиција. По природа се трпеливи, нежни и флексибилни. Обожаваат луксуз и трошат многу пари на патувања и други мали задоволства кои понекогаш можат да ги одведат до „дебели минуси“. Затоа, треба повеќе да работат за да избегнат финансиски потешкотии.

Совршено функционираат како независни занаетчии и сопственици на бизниси. Во љубовта се многу романтични, а кај партнерот ќе бараат нежност и внимание, поради што Кумбх би бил идеален.

Во индиската астрологија, рибите се ноќен, женски и воден знак. Нивната љубов е длабока и скриена. Тие по природа се љубовници кои живеат во царството на душата. Верни се на своите пријатели и постојано ги бранат, без разлика дали се во право или не. Имаат потреба да го изразат својот талент, но ретко добиваат шанса за тоа. Воздржани се, но успеваат да ги привлечат другите со својата таинственост. Живеат од и за љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот