Гепард/ Фото Jeramey Lende / Alamy / Alamy / Profimedia

Индија нема среќа со гепардите, нивниот број повторно се намали

Уште еден гепард починал во национален парк во индиската држава Мадја Прадеш, со што бројот на смртни случаи на големи мачки се искачил на седум. Висок функционер во националниот парк Куно рече дека гепардот умрел во борба со другите диви мачки, пишува „Би-Би-Си“. Машкиот гепар – по име Тејас – бил пронајден со повреди кога го виделе официјалните лица.

Гепардите биле прогласени за исчезнати во Индија во 1952 година, но тие биле повторно испратени минатата година како дел од амбициозниот план за повторно населување на овој вид.

Осум гепарди биле преместени од Намибија во земјата во септември 2022 година, додека 12 биле донесени од Јужна Африка во февруари 2023 година. Од нив, три гепарди умреле во изминатите два месеци. Три младенчиња, кои биле родени од намибиски гепард во Куно во март, починале во мај.

Утврдено било дека младенчињата биле слаби и екстремно дехидрирани, соопштиле тогашните власти на паркот. Возрасните гепарди умреле поради разни болести, вклучително и откажување на бубрезите и повреди при парење.

Повторното воведување на гепардите во земјата го започна премиерот Нарендра Моди. Експертите за диви животни го поздравија овој потег, но некои исто така предупредија на потенцијалните ризици за мачките од другите предатори и немањето доволно плен.

Врховниот суд во мај изрази загриженост за смртта на животните и побара од федералната влада да размисли за префрлање на мачките на алтернативна локација.

Гепардите имаат голема симболична вредност во Индија бидејќи се дел од многу народни приказни. Но, тој е и единствениот голем цицач што исчезнал од независноста во 1947 година поради лов, намалени живеалишта и недостаток на плен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот