Супермен - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Индија го цензурираше „Супермен“ – отстранети сцените со бакнежи и среден прст

Новиот филм за Супермен, во режија на Џејмс Ган, наиде на проблеми во Индија – вкупно 41 секунда од филмот се исечени, вклучувајќи два бакнежи меѓу Супермен (Дејвид Коренсвет) и Лоис Лејн (Рејчел Броснахан) и кадар во кој еден лик покажува среден прст за време на тепачка.

Индискиот одбор за филмска сертификација (CBFC) ги оцени сцените како „премногу сензуални“ и „несоодветни“ за домашната публика. Поточно, од филмот беше исечен бакнеж во воздух од 33 секунди помеѓу главните ликови, како и сцена со борба од осум секунди во која Гај Гарднер (Натан Филион) го користи својот прстен со супермоќ за да направи навредлив гест.

Целиот процес на цензура беше завршен на 7 јули, само неколку дена пред филмот официјално да почне да се дистрибуира во кино-салите низ целиот свет.

Според извори од индустријата, ваквите намалувања понекогаш се договараат однапред за да се забрза процесот на одобрување: „Студијата понекогаш отстрануваат сцени за кои знаат дека ќе бидат проблематични, за да не губат време на дополнителни проверки“.

Одлуката на CBFC предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи. Многу обожаватели на филмовите за Супермен сметаат дека ова е прекумерна и непотребна цензура.

„Драги членови на CBFC, ја срамите филмската индустрија“, „Прво ги цензуриравте емотиконите, а сега ги бришете обичните бакнежи“, „Навистина? Бакнежот е премногу? Возрасните се бакнуваат, тоа е реалниот живот“, „Децата гледаат насилство на интернет секој ден. А вие бришете приказ на љубов и нежност? Тоа е она што навистина им треба“, беа коментарите.

CBFC и претходно предизвика контроверзии. Минатата година, критикуваше љубовна сцена во филмот „Опенхајмер“, нарекувајќи ја „навреда за хиндуизмот“.

И покрај сето ова, „Супермен“ заработи 220 милиони долари низ целиот свет во првиот викенд од прикажувањето. Режисерот Џејмс Ган им се заблагодари на обожавателите: „Честопати сме имале само „Супер“ во Супермен, а јас сакав да направам филм кој повеќе е за „човекот“ – добриот човек кој им помага на другите.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!