Фото: Фејсбук/ Српско народно позориште

Инцидент во српскиот Народен театар: Непознато лице му се заканувало на еден актер, имало и физичка пресметка

Претставата „Последниот балкански вампир“ на Српскиот народен театар, работена по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, синоќа не беше изведена во знак на протест, поради заканите упатени кон актерот на ансамблот на оваа претстава, соопшти Еколошкиот фронт Нови Сад, пренесува „Курир.рс“.

Ден пред закажаната изведба на претставата, завчера, на пробата се случил инцидент. Имено, непознато лице влетало и му се заканувало на еден од актерите, па дури дошло и до физичка пресметка. Вака синоќа изјавила членка на ансамблот, кога пред присутните го прочитала објаснувањето зошто ја откажуваат изведбата на „Последниот балкански вампир “. Сепак, не е прецизирано за кој член на актерскиот ансамбл станува збор.

Фото: Фејсбук/ Српско народно позориште

Во соопштението, Еколошкиот фронт Нови Сад посочува дека повлекувањето на актерите од играњето на претставата е „добар пример за солидарноста на ансамблот на оваа претстава“ и го повикува менаџерот на СНП, Зоран Ѓериќ, да реагира.

Тие прашуваат како невработени лица слободно влегуваат во театарот среде работно време и им се закануваат на вработените. Тие нагласуваат и дека „скандалите во најстариот српски театар се сѐ почести“ и дека никој не е безбеден од налудничавите и бунтови насилници, дека ова е „срам за раководството на театарот“ и дека актерите заслужуваат аплауз иако не ја извеле претставата.

Претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски е во режија на Александар Поповски, а претставата е во копродукција на СНП и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад. Во претставата играат Тања Пјевац, Ненад Печинар, Милован Филиповиќ, Марко Марковиќ, Игор Павловиќ…

Фото: Фејсбук/ Српско народно позориште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот