Инцидент со огнено оружје во училиште во предградие на рускиот град Перм

Ученик од шесто одделение отвори оган во училиште во градскиот округ Октјабрски во регионот Перм, објави прес-службата на регионалниот оддел на руското Министерство за внатрешни работи. Ученикот е приведен, а во инцидентот нема жртви.

„Денеска, околу 08:00 часот по локално време, полициската управа на градскиот округ Октабрски во регионот Перм доби порака дека во едно училиште, малолетник испукал два куршума. Во инцидентот нема повредени. Тинејџерот е во притвор. Тој е ученик од шесто одделение на ова училиште “, се наведува во соопштението на подрачното одделение на Министерството.

Се утврдуваат мотивите за неговиот чин, како и од каде го набавил оружјето. Пукањето се случило во селото Сарс во областа Октјабрски и во моментот на инцидентот немало ученици во училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот