Фото: Wales/X

Инцидент на Европското првенство: Автобусот со фудбалерките на Велс имал сообраќајна несреќа

Женската фудбалска репрезентација на Велс се соочи со незгода пред пред утрешниот натпревар со Франција од второто коло во групата „Д“ на Европското првенство, тимскиот автобус имал сообраќајна несреќа на пат кон Арената Сент Гален.

Според официјалната информација од Фудбалскиот сојуз на Велс, во инцидентот за среќа нема повредени, а брзата медицинска служба веднаш пристигнала на местото на настанот.

„Можеме да потврдиме дека автобусот во кој се наоѓаше репрезентацијата беше дел од сообраќајна несреќа на патот до стадионот каде што требаше да се одржи официјалниот тренинг пред натпреварот со Франција. Сите лица од автобусот, како и од другото возило, се без повреди“, соопштија од Сојузот.

Натпреварот против Франција е закажан за утре во 21:00 часот, а Велсво него влегува по поразот од Холандија со 3-0 во првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот