Орце Камчев, Фото: Слободен печат/Горан Наумовски

Имотот од „Империја“ останува замрзнат

Имотот кој е дел од истрагата за случајот „Империја“ останува замрзнат, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција минатата недела поднесе барање за запленување, по што позитивна одлука донесе судија на претходна постапка. Две фирми чиј имот беше замрзат, „Дивелоп груп“ и „Бест вејт инвестмент“ поднесоа жалби, но кривичниот совет во скопскиот суд одлучил да ги отфрли како неосновани.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалби на правните лица ’Дивелоп груп‘ ДОО Скопје и ’Бест Вејт Инвестмент‘ ДООЕЛ Скопје, изјавени против шест решенијата на судии на претходна постапка, а поврзани со истрагата на ОЈО ГОКК за предметот познат како „Империја“, на 20.04.2022 година одржа седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост“, соопштија од Основниот кривичен суд.

Барањето за запленување обвинителството го поднесе бидејќи се сомнева дека имотот потекнува од кривично дело и дека на крајот кога ќе заврши судската постапка за „Империја“ ќе биде потешко или оневозможено истиот да се одземе.

Се запленува имот во предметот „Империја“, запленувањето не е конечно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот