Фото: EPA

„Имаме среќа што сме живи“: Актерот од „Педесет нијанси“ бил хоспитализиран, почувствувал симтоми на срцев удар

Ирскиот актер Џејми Дорнан (41), ѕвездата на филмскиот серијал „Педесет нијанси“ („Fifty Shades“), по лошо ќе го памети својот одмор во Португалија. Имено, тој бил на патување со шкотскиот водител Гордон Смарт (43), кога и двајцата почувствувале дека здравствената состојба им се влошила.

На вториот ден од патувањето, Смарт почувствувал пецкање во левата рака, а откако побарал помош, лекарите му измериле пулс од 120 откучувања во минута. Кога бил пуштен од болница, водителот го затекнал Дорнан како добива медицинска нега од персоналот во хотелот.

Тогаш актерот му раскажал на својот пријател дека му се вкочаниле екстремитетите и дека бил однесен со возило на Итната медицинска помош.

„Џејми ми рече: ‘Драг мој Гордон, дваесетина минути откако си замина, мојата лева рака се вкочани, мојата лева нога се вкочани, мојата десна нога се вкочани’“, се сеќава Смарт.

Фото: Инстаграм/Гордон Смарт

Водителот почнал да чувствува пецкање во раката додека играл голф.

„Сите бевме апсолутно ужасни и почнав да чувствувам пецкање во левата рака, а потоа скокоткање. Јас сум син на лекар по општа медицина и си помислив: ‘Ова се први симптоми на срцев удар’“, се сеќава тој.

Една недела подоцна, лекарот му се јавил на Смарт и го известил дека неговите и симптомите на Дорнан, можеби, биле предизвикани од отровни гасеници.

„Испадна дека сме се допреле со влакнести гасеници и имавме среќа што излеговме живи од оваа ситуација. Се покажа дека има гасеници на терените за голф на југот на Португалија кои убиваат кучиња и им предизвикувааѕ срцев удар на мажи во нивните 40-ти“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!