Фото: Инстаграм

„Имаме проблеми …“: Бојана и Никола проговорија односите во бракот, а една работа ја издвоија како посебна

Бојана Баровиќ и Никола Роквиќ неодамна изјавија дека како и секој друг пар имаат проблеми и ситни кавги во бракот, но дека им е драго што за љубомората нема место во нивната врска.

Имено, тие се појавија на еден престижен настан во Србија, на кој ги воодушевија присутните со својот изглед. Иако е точно дека на жените им треба подолго време да се подготват за излегување, Бојана изјавила дека кај нив ситуацијата е поинаква.

– Баба обично се грижи за децата кога излегуваме иако тоа не е често. Ретко излегуваме, а треба да го правиме почесто. Кога одиме некаде, на Никола секогаш му треба повеќе време да се подготви – низ смеа рекла Бојана, на што пејачот се надоврзал:

– Не, секогаш оставам се во последен момент, но најважно е што секогаш пристигнуваме на време – додаде Роквиќ.

Иако важат за хармоничен пар, тие открија дека, како и во секоја врска, имат расправии, проблеми, а порано имале љубомора.

– Ги имаме истите проблеми како другите, но се трудиме секогаш да бидеме толерантни еден кон друг. Клучни работи за здрава врска се трудот, работата на нашиот однос и компромисот, понекогаш треба да се спуштиме себе за да му угодиме на другиот – изјавила Бојана.

Никола пак потенцираше дека немаат проблем со љубомората и дека си веруваат.

– Мојата публика е 90% женска и мило ми е поради тоа. Не сум имал непристојни понуди. Моментално телефонот ми е кај неа, но немаме проблем со љубомора, си веруваме. Ги поминавме тие пубертетски фази и игри, заедно сме 15 години – изјавил Никола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот