Има материјални докази дека Палчо е сторител на убиствата, новата изјава на Кешишев нема доказна вредност, тврдат обвинителките

Има материјални докази дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо е сторител на убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Ова произлегува од изјавите на двете обвинителки кои го водат случајот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска.

-Изјавата на Кешишев во оваа фаза на постапката нема доказна вредност согласно Законот за кривична постапка. И тој и другите обвинети на крајот од судската постапка ќе имаат право да дадат своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од двете страни и на Обвинителството и на одбраната и би требало да се разјаснат сите околности. Обвинителството смета дека од сите докази произлегува основаноста на обвинението, рече Димитровска.

На прашањето дали имаат материјални докази дека Палчо е сторител на убиството, Крстевска одговори: “Имаме, располагаме со доволно докази”.

Тие денеска за прв пат дадоа изјави за јавноста од почетокот на судењето и ја коментираа новата изјава која ја достави еден од обвинетите, Влатко Кешишев, кој тврдеше дека Палчо не бил на местата на убиствата, туку спиел во партијата.

Сепак оваа изјава како што кажа Димитровска нема доказна вредност и обвинетите во текот на судењето ќе имаат можност да дадат своја одбрана.

Кешишев според обвинението ја однел полицијата до местото каде што биле закопани жртвите и изјавил дека Палчо е сторителот, а сега тврдеше дека не бил на местото на убиствата.

Судењето денеска продолжува со испитување на сведоци од обвинителството, a потоа следуваат материјалните докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот