Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Има ли шанси за ново пролонгирање на ратите за кредитите?

Народната банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните. Конечната одлука се очекува да се донесе следната недела, откако ќе се консултираат и деловните банки. Се прават анализи за состојбите со пандемијата и како таа економски ги погоди граѓаните, но и компаниите. Мораториумот истекува на 1 октомври, и ако не продолжи мерката, граѓаните што ги одложија плаќањата на кредитите, ќе почнат повторно да ги плаќаат.

„Подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз чија основа наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните и за стабилноста на банкарскиот систем“, е ставот на НБМ.

И од Банкарската асоцијација велат дека се подготвени да излезат во пресрет на граѓаните доколку е потребно иако засега нема одлука за ново пролонгирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот