
Има ли крај на фалсификуваниот мед на европскиот пазар?
Европскиот парламент конечно ја усвои Директивата за мед и ова е веројатно крајот на досегашната практика во која овој производ можеше да се продава со декларација која не дава доволно информации за купувачот. Претходниот систем на декларирање, односно ознаката „мешавина од мед од ЕУ/не ЕУ“ со години се злоупотребува со цел да се увезува и продава фалсификуван мед. Новите етикети на пакувањата, како што беше одлучено, ќе содржат список на сите земји од кои доаѓа медот според соодносот на уделот и со јасно означена ознака на декларацијата“, соопштија од Стразбур, објави Политика.
Препорачано
– Искуствата од минатото покажаа дека измамата со овој производ беше сè пософистицирана и беше сè потешко да се спречи измамата на потрошувачите со постојните регулативи. Со овој пристап од една страна ќе ги заштитиме потрошувачите, а од друга страна пчеларите кои произведуваат вистински, домашен мед, од измамници кои продаваа поевтин и неквалитетен шеќерен сируп под мед – вели Билјана Борзан, член на Европскиот парламент која учествуваше во донесувањето на оваа регулатива. Таа вели дека од 123 странски компании кои увезуваат мед на пазарот на ЕУ, 70 од нив нуделе производи што содржат шеќерен сируп. Најголем дел од тие увозници се од Кина, 20 од нив, а останатите се од Украина, Аргентина, Бразил, Мексико и Турција, посочува таа. Борзанова вели дека до сега 50 проценти биле шансите купувачот да биде измамен при купување мед во продавниците.
Европа не произведува доволно мед за да го задоволи сопствениот пазар и увезува околу 40 отсто од трети земји. Последната анализа покажа дека 46 отсто од 320 примероци увезен мед по случаен избор земени во периодот од ноември 2021 до февруари 2022 година и анализирани биле „веројатно фалсификувани“.