Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Им здодеав затоа што живеам подолго отколку што очекуваа“: Ведрана Рудан се огласи од болница, призна дека пријателите повеќе не ѝ се јавуваат

Хрватската писателка Ведрана Рудан се соочува со сериозна болест – рак на жолчните канали.

Во своите блогови и колумни, тaa отворено ги искажува своите мисли за темата за смртта и сопственото искуство.

Ведрана редовно пишува за својата состојба и размислувања на својот блог, а во својата последна колумна, насловена „Кога мобилниот телефон ќе замолчи“, се посветила на темата „смрт“, која многумина избегнуваат да ја спомнат.

„Дали е дозволено да се умира, а тоа да се биде прифатливо? Повеќе сум во болница врзана со жици отколку што сум слобода.

Шишињата и ампулите станаа дел од мене. Се чувствувам ограничено, нетрпелива сум, би сакала повторно да бидам слободна, здрава и лута на светот околу себе, онака како што се моите „пријатели“ за кои смртта, нивната смрт, е нешто за кое не се зборува.

Затоа и не ми се јавуваат. Се плашат дека ќе ја започнам валканата тема којашто, сепак, ме засега само мене.

Им станувам здодевна, затоа што живеам подолго отколку што очекуваа. Првите солзи ги исплакавме, ова што во моментов се случува меѓу нас е здодевна празнина. Не се заинтересирани за деталите за мојата болест, не знаат дека животот ме радува – ми процвета кактусот на балконот.

Сепак, нешто се промени. Го изгубив интересот за ‘пријателите’ и потребата да им ‘помогнам’. Денес знам дека никому не ‘помогнав’, тие мораa некому да ги истресат своите „маки“.

Жал ми е што потрошив години мислејќи дека сум била потребна и сакана. О, не, не е премногу доцна да ја почувствувам убавината на осаменоста. Никого не изгубив.

Не ме интересира дали нејзиниот сопруг ќе престане да пие, затоа што таа повеќе ја сака мачката отколку мене, зошто себеси не си реков – па и ти повеќе го сакаша кучето отколку неа…

Останавме јас и смртта.

Конечно сум слободна и сликата што ја гледам е чиста. Гледам во жолтите цвеќиња на балконот. Мир во душата и само едно прашање – зошто ништо не знаев за луѓето? Дали бев глупава? Или само здрава и ‘бесмртна’?“, заклучила Ведрана.

Ведрана Рудан со нова емотивна колумна: „Сакам да умрам, жал ми е за луѓето што не ме пуштаат“

„Во прегратка на метастазите“: Срцепарателна исповед на Ведрана Рудан од болничката соба на онколошкиот оддел

Ведрана Рудан се пријавила за евтаназија во Швајцарија: „Не сакам да умирам на рати“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот