Илон Маск Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Илон Маск повика на распуштање на британскиот парламент и промена на владата

Американскиот милијардер Илон Маск учествуваше на митингот „Обединете го Кралството“ во Лондон, организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон.

Маск се придружи преку видео врска и во својот говор повика на распуштање на британскиот парламент и промена на владата, тврдејќи дека Велика Британија „не може да чека уште четири години“ до следните избори, пишува Гардијан.

За време на обраќањето, Маск предупреди дека „насилството доаѓа“ и им порача на насобраните „Или ќе се борите или умрете“.

Тој ја нападна левицата, тврдејќи дека тоа е „партија на убијци“ , коментирајќи го неодамнешното убиство на Чарли Кирк, за кое рече дека било прославено од некои од левицата.

Овој митинг, кој се смета за еден од најголемите десничарски настани во последните децении, собра повеќе од 110.000 учесници.

Ова не е прв случај  Маск да се вмеша во британската политика, тој претходно критикуваше закони како што е Законот за безбедност на интернет од 2023 година и јавно дискутираше за прашања како што се случаите на злоупотреба на деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот