Илон Маск и Грок/Илустрација/ AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Илон Маск ја подготвува Грокипедија затоа што „Википедија ги одразува левичарските ставови“

Следниот чекор во светот на „Грок“, бесплатниот асистент за вештачка интелигенција, го презема Илон Маск, кој објави дека развива конкурент на Википедија преку неговиот стартап за вештачка интелигенција xAI, платформа наречена „Grokipedia“, пишува Пи-си Маг.

Маск рече дека новата услуга ќе биде „масовно подобрување“ на познатата онлајн енциклопедија, чии записи се креирани и уредувани од волонтери.

Милијардерот долго време ја обвинува Википедија за политичка пристрасност, тврдејќи дека таа ги одразува левичарските ставови.

Кратко пред објавата на Маск, неговиот сојузник, Дејвид Закс, кој неодамна беше назначен од претседателот Доналд Трамп за комесар за вештачка интелигенција во неговата администрација, ја критикуваше употребата на содржината на Википедија за обука на софтвер за вештачка интелигенција.

Името „Грокипедија“ доаѓа од четботот на xAI, „Грок“, за кој Маск рече дека „ја бара вистината во најголема можна мера“.

Но, „Грок“ привлече критики во последните месеци за давање антисемитски коментари што компанијата на Маск ги припиша на погрешно програмирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот