Фото: Приватна архива

Илина и Ева Соколовски со злато и сребро на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија

Македонските девојчиња Илина (18) и Ева Соколовски (15) продолжуваат со големи успеси, тие освоија златен, односно сребрен медал на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија.

Илина дојде до златото, додека Ева до среброто на натпреварот кој се организираше во Гутерслох и обезбедија пласман во републичкиот натпревар што се одржа во Боркен, а таму Илина се закити со сребрен, а Ева со златен медал.

Таика, Илина и Ева се квалификуваа на големото финале што ќе се организира во Лајпциг во мај.

Воедно Илина на традиционалниот куп турнир во Бохум го освои златниот медал.

Но, последните информации кои доаѓаат од Германија се дека Илина викендов повторно освои злато, односно победи на традиционалнио куп турнир во Бохум.

Илина и Ева се репрезентативки на Федерација на гимнастика на Македонија, членки на гимнастичкиот клуб Партизан од Битола.

Според најавите Илина ќе ја претставува Македонија на Европскиот куп во Баку, Азербејџан, од 1 до 4 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот