Илија Николовски: Оваа Влада имаше 9 социјални пакети за граѓаните со ниски пензии

Илија Николовски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Пензијата е економска, а не социјална категорија. Тоа значи дека главен „виновник“ за ниските пензии е тоа колку работникот во работниот век уплаќал во пензискиот фонд, вели Николовски

На пензионерите треба да им се овозможи достоинствен живот. Пензијата која тие ја ползуваат е стекната економска категорија и никој нема право да задира во тоа право, а државата треба да се грижи тоа да остане така. Во исто време овие примања не смеат ниту да ја изгубат својата вредност, вели генералот во пензија Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионерите во утринската емисија на „Слободен печат“.

– Пензијата е економска, а не социјална категорија. Тоа значи дека главен виновник за ниските пензии е колку работникот во работниот век уплаќал во пензискиот фонд. Меѓутоа за социјалните категории на луѓе државата презема мерки преку т.н. социјални пакети и им излегува во пресрет на оние граѓани кои се со ниски пензии. Само за потсетување, оваа Влада имаше дури 9 такви социјални пакети за време на своето владеење и можам слободно да кажам дека можеби таа беше и единствената која имала толкав голем број на социјални пакети за социјално загрозените граѓани – подвлекува Николовски.

Според лидерот на пензионерите Николовски, оваа партија се залага за зголемување на минималната пензија која според него треба да биде најмалку 70 проценти од височината на просечната плата во земјава.

– Оваа влада имаше слух за нашите барања и затоа според нашите предвидувања минималната пензија во наредниот период треба да се зголеми и таа да изнесува некаде околу 20.000 денари, потсетува лидерот на пензионерите Николовски и додава дека можеби минималната пензија денес ќе изнесуваше толку ако Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година не го суспендираше членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Повеќе од интервјуто со Николовски можете да погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот