Фото: Slaven Belupo

Илија Несторовски во конкуренција за играч на месецот во Хрватска

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски има одличен месец зад себе во дресот на Славен Белупо и беше еден од најважните фудбалери на овој клуб во изминатиот период.

Потврда за одличните настапи на Несторовски е и тоа што влезе во битка за играч на месецот.

Несторовски за признанието најдобар на месецот во хрватското првенство ќе има голема конкуренција бидејќи тука се уште: Марко Ливаја (Хајдук), Роберт Мураџија (Локомотива Загреб), Мартин Батурина (Динамо Загреб) и Наис Џоухара (Ријека).

Во изборот гласаат фановите и својот глас за Несторовски можете да го дадете – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот