Фото: КФСМ

Илиевски по натпреварите со Швајцарија: Хемијата и енергијата функционираат перфектно, тоа најмногу ме радува

Maкедонската кошаркарска репрезентација во изминатиот период одигра два пријателски натпревари против Швајцарија, а селекторот Марјан Илиевски како што вели е задоволен од она што го прикажале неговите избраници во овие два дуели.

„Јас секогаш ќе се согласам и ќе кажам дека без разлика колку поени сме дале, треба што помалку да примиме. Тоа што ме радува е енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во репрезентацијата. Во однос на загубените топки бевме подобри од првиот меч. Дел од играчите се жалеа на болка, и затоа не беа во конкуренција. Забелешката која ја имаат некои се кошевите кои се постигнати помалку, а имавме кошаркари кои се на 20. годишна возраст кои треба да ги поддржиме. Нормално е да има пад на играта кога ќе бидат на теренот. На двата меча почнавме со различни петорки, но веќе имаме визија кој и колку може. Меѓутоа, многу кратко сме заедно за да фаворизирам некои пет играчи.

Нè краси транзиција и тоа што секој играч го дава максимумот. Имаме уште скоро една недела да работиме пред Романија, задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа“ , истакна селекторот по одработеното во Гевгелија, односно Негорски бањи.

Наредните денови кои се пред нас ќе бидат посветени на анализирање на првиот противник во претквалификациите, Романија.

„Романија сè уште не сме ја анализирале, зашто не знаеме кој е нивниот странски играч, иако веќе знаеме кој е носител на нивната игра, па тоа ќе го видиме во следните денови“, дополнува Илиевски.

Натпреварот против Романија го играме на 2 август од 20:00 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот