Фото: МКФ

Илиевски горд на кошаркарите и покрај поразот: Покажавме карактер против искусна репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација денеска претрпе пораз од Романија 79-66, а селекторот Марјан Илиевски по натпреварот сепак изрази задоволство од одредени сегменти од играта.

Според Илиевски, Македонија денеска прикажала карактер и токму поради тоа е задоволен од неговите кошаркари кои како што вели се соочиле со една искусна селекција.

„За разлика од претходниот натпревар против Унгарија, денеска нашиот млад тим покажа карактер и морам да бидам задоволен од играчите. Романија има далеку поискусни кошаркари и заслужено победи, но ние напредуваме од натпревар во натпревар“, изјави селекторот по мечот.

Натпреварот против Унгарија го играме на 20 август во терминот од 19 часот, а за разлика од претходниот домашен натпревар кој го игравме во Куманово, сега репрезентацијата се враќа во Скопје.

Трет натпревар и трет пораз: Кошаркарите ги загубија сите шанси за пласман на Светското првенство во 2026 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот