фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Игор Тудор ќе потпише нов договор со Јувентус

Она што се знаеше неколку дена, сега е официјално, Игор Тудор стана трајно решение на клупата на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус и договорена е соработка за следните две години.

Хрватскиот стратег Тудор потпиша договор со Јувентус до 2027 година, но со опција за продолжување на договорот за уште една година.

Поранешниот играч на клубот од Торино, кој веќе беше во тренерскиот штаб предводен од Андреа Пирло, дојде на крајот од сезоната да го замени Тијаго Мота и успеа да ја постигне својата примарна цел, да го одведе тимот до четвртото место и да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Останува надежта дека со Тудор ќе се обезбеди некаков вид стабилност, со оглед на тоа што Јувентус смени четири тренери во изминатите шест години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот