
Игор Којиќ официјално се разведе и од втората сопруга Софија, по само 5 месеци брак
Игор Којиќ, синот на српскиот фолк-пејач Драган Којиќ Кеба, и неговата сопруга Софија официјално ставија точка на својот брак, кој траеше само пет месеци. По тајното венчавање и големата љубов, двајцата сфатиле дека е најдобро секој да продолжи по својот пат.
Препорачано
Како што дознаваат српските медиуми, неодамна во една адвокатска канцеларија во Нов Белград потпишале спогодбен развод и се договориле да се посветат на сопствените планови и животи.
Поради непомирливи разлики и чести недоразбирања, двајцата имале многу несогласувања во последните два месеци, и затоа одлучиле секој од нив да оди на своја страна, објави претходно српски „Курир“.
Промените на полошо во нивната врска се случиле во мај. Тогаш започнале првите мали конфликти околу ситници, а тоа брзо се претворило во посериозни недоразбирања и траело така до неодамна, кога решиле да се разделат.
Извор близок до семејството открива дека Кеба и неговите најблиски со олеснување ја примиле оваа вест, бидејќи уште од почетокот не ја сметале Софија за вистински избор за Игор.
Во последните месеци, Игор сè почесто нагласувал дека бракот не функционира како што очекувал – тој сакал стабилност и мирен семеен живот, додека Софија имала други приоритети и интереси. Токму таа разлика во сфаќањето на животот, според блиските, била главна причина за нивната разделба.
„Сите застанаа зад Игор и му дадоа поддршка. Веруваат дека овојпат ќе се посвети на вистинските вредности и ќе пронајде партнерка која е навистина во склад со него“, вели изворот.