Фото: Инстаграм/Ивона Кочов/Игор Џамбазов

Игор Џамбазов ја нарече 2024. бесчувствителна, тешка, грда …: „Збогум вештерке и порачај ѝ на сестра ти да не се занесува многу“

По теркот на своите колеги и Игор Џамбазов на свој начин ја испрати 2024 година, која според него била непредвидлива, тешка, напорна и грда. Вели, му олеснило што го искажал сето она што го преживеал изминава година, а на 2025 ѝ се закани да не се занесува.

На самиот крај од објавата на Инстаграм тој посака среќна 2025. година на целиот народ.

– 2024 годино, тебе ти се обраќам, завршивме со тебе сестро. Засекогаш. И да не си се осмелила да ни се појавиш пред очи уште еднаш. Ти беше една бесчувствителна, непредвидлива, тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка. Збогум! И порачај и на сестра ти што ни доаѓа да не се занесува многу. Оти штом те преживеавме тебе, нема што да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли. Среќна нека е народе мој!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот