Фото: Igor Idze Stefanovski

Иџе победи во својата група на шампионатот во ридски патеки во Хрватска и порача: Ова е успех на цела Македонија!

Македонскиот најдобар автомобилист Игор Стефановски-Изе заврши како третопласиран на последната трка од шампионатот на ридски патеки во Хрватска и тоа беше доволно да го освои првото место во групата 1.

Со своето Ферари 488 Иџе ја победи конкуренцијата и го остави зад себе Рони Братшчи од Чешка, додека третото место му припадна на Хрватот Домагој Перковиќ.

„Македонијо, ова е за тебе! Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела држава. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“, oбјави Иџе на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот