Фото: Fars News / Mehdi Bolourian / Wikimedia

„Идеологот на Путин“ со години ја обликуваше светската политика, сега е цел на атентат

Филозофот Александар Дугин со години се смета за клучен советник на рускиот претседател Владимир Путин. Човекот означен како „мозокот на Путин“ и главен идеолог на Кремљ, влијаеше на бројни одлуки на рускиот лидер, најчесто оние кои се однесуваат на воени кампањи. Така, тој одигра клучна улога во анексијата на Крим, но и во започнувањето на инвазијата на Украина. Неговата ќерка Дарија вчера беше убиена во експлозија на автомобил, но се претпоставува дека цел на овој атентат бил Александар Дугин.

Дарија Дугина загина кога автомобилот што го возела експлодирал на околу 20 километри западно од Москва. Очевидци на експлозијата рекоа дека остатоците биле расфрлани по целиот пат додека автомобилот се запалил пред да удри во оградата.

Дарија Дугина / МИА

„Експлозивната направа која наводно била поставена во автомобилот експлодирала додека возела и автомобилот се запалил. Возачот починал на лице место. Утврден е идентитетот на починатиот: се работи за новинарката и политиколог Дарија Дугина“, се наведува во извештајот на Истражниот комитет на Русија.

Сепак, ќе се покаже дека Александар Дугин требало да биде во автомобилот со неговата ќерка, но во последен момент решил да тргне сам со возилото кое ја следело.

Александар Дугин / Принтскрин, Јутјуб

Кој е цел на атентатот?

Таа вечер Дугин одржа предавање на тема „Традиции и историја“ на фестивалот во село Захарово. Неговата ќерка присуствуваше на предавањето како почесен гостин.

Тие заедно го напуштиле настанот, а Дарија влегла во автомобилот „ленд крузер Прадо“ и го напуштила фестивалот. Нејзиниот татко ја следел со своето возило.

Автомобилот со кој управувал Дугина набрзо излетал од автопатот, по што кај селото Болши Вјаземи одекнала силна експлозија.

Дарија (30) починала на лице место, а самиот Дугин пристигнал на местото на несреќата веднаш по експлозијата. Руските медиуми наведуваат дека тој со неверување ја гледал сцената, држејќи ја главата и плачејќи за својата ќерка.

Екстремни ставови

Инаку, Дугин е руски филозоф и политичар познат по развивањето на екстремно десничарски ставови, кои според многумина се фашистички. Долги години има големо влијание врз рускиот лидер Владимир Путин, поради што го доби прекарот „Мозокот на Путин“.

Дугин се смета за креатор и „духовен водач“ на руската инвазија на Украина. Тој одигра голема улога во 2014 и 2015 година како страстен застапник на војната на Крим, кој Русија го анектираше.

Неговата ќерка Дарија (30) студирала филозофија на Московскиот универзитет. Во март оваа година, таа се најде на американската листа на санкционирани Руси како уредник на веб-страницата на Обединетиот свет (UWI), каде во напис изјави дека Украина ќе исчезне доколку биде примена во НАТО.

Во интервју во мај, Дарија ја опиша војната како „судир на цивилизации“ и изрази гордост што таа и нејзиниот татко биле санкционирани од Западот.

Александар Дугин беше санкциониран уште во 2015 година поради неговата наводна вмешаност во руската анексија на Крим. Со години тој ја повикува Москва да се наметне поагресивно на глобалната сцена и ја поддржува руската воена акција во Украина.

Ставовите на Дугин за регионот

Во мај годинава Дугин на едно предавање беше прашан за Србија и нејзината позиција кога станува збор за воведувањето санкции против Русија.

„Разбирам сè и пријателство и некои обврски кон Западот, така што имаме таков однос со Србите што не можеме да го оцениме. Практично, политички, општото чувство што го делат Путин и нашиот народ, ние секогаш ќе бидеме со Србија. рече Дугин..

Истовремено зборуваше и за Милорад Додик и неговите потези во Босна и Херцеговина, кои меѓународната заедница ги оцени како сецесионистички, но Дугин имаше поинакво мислење.

„Навистина го цениме она што Додик го прави во Босна и Херцеговина. Мислам дека помага, во таква критична ситуација, да не се воведат санкции кон Русија. Тоа е херојско дело. Србија ќе ја чини многу, ќе се обидат да те казнат уште еднаш како што правеа пред 30-35 години“, рече тој.
За останатите држави во регионот, Дугин досега, не се произнесол, барем не јавно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот