Постројките за збогатување ураниум во Натанз, Иран / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

ИАЕА потврди: Израел ја уништил најголемата иранска постројка за збогатување ураниум

Надземните објекти за збогатување ураниум во иранската нуклеарна централа Натанз се уништени, потврди денеска Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во изјава пред Советот за безбедност на ОН.

„Информирани сме од иранските власти за напади врз два други објекти за збогатување нуклеарно гориво во Фордоу и во Исфахан. Во овој момент немаме доволно информации освен што можеме да потврдиме дека имало воена активност и околу овие објекти“, рече Гроси.

Огромниот нуклеарен комплекс Натанз е главниот објект за збогатување ураниум во Иран. Се состои од подземен објект за збогатување ураниум и надземен оперативен дел.

Експертите на ИАЕА кои ги анализирале достапните сателитски снимки велат дека штетата врз нуклеарните постројки на Иран од првиот бран израелски напади сепак се чини ограничена.

„Не можеме да видиме никаква видлива штета кај Фордо или Исфахан. Има штета во Натанз“, изјави нуклеарниот експерт Дејвид Олбрајт.

Но, „нема докази дека подземниот сегмент од постројката е уништен“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот