Супермаркет/ Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

И со поевтино јагнешко, грчките маркети останаа со посен промет за Велигден

Иако грчките супермаркети продаваа јагнешко месо со загуба со надеж дека на тој начин ќе ги привлечат граѓаните да пазарат повеќе, работите не испаднаа како што се надеваа.

Извори од трговските синџири, велат дека велигденскиот пазар годинава се движел скромно, иако досега пазарењето за овој празник, по Божиќ, се сметаше за најдобро време за грчката малопродажба.

Како што велат пазарните извори, „прометот бил умерен“, а според трговците, „единствени добитници се сточарите кои годинава продаваа јагниња“.

Оваа година Велигден го празнуваа и католиците и православните. Поради намалената понуда и екстремно високата побарувачка, производната цена се крена на 9 – 10 евра за килограм. Но, поради притисокот на Министерството за развој, грчките трговци ги задржаа ланските цени на овој вид месо. Така, со очигледна загуба, нивната цена беше од 11,5 – 11,80 евра за килограм.

За да не им остане месото, дел од трговците ја спуштија цената и на 9,95 евра за килограм, но тоа не беше „мамка“ за потрошувачите за да купуваат повеќе други производи. Ова се случи бидејќи пензионерите не добија пензии – предвреме, државните службеници немаа велигденски бонус, а подарокот на вработените во приватните компании беше само половина плата.

Минатата година Велигден се совпадна со Први мај, што значи дека пензионерите беа исплатени, приватните вработени имаа на располагање плата и пол, а беа исплатени и јавните службеници, анализира То Вима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот