Каја Шукова/Фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

И Шукова ќе гради нов лунапарк во Скопје, најавува и продолжување на проектот за брз транспорт

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова, во интервју за МИА истакна дека нејзината програма, на која, како што вели, се работи подолг временски период, содржи повеќе столбови на кои што ќе се работи, како и повеќе капитални проекти, а меѓу нив ги наброја и проектот за БРТ и, слично на нејзините претходници, најави изградба на нов лунапарк.

-Едното ќе биде инфраструктурата, секако, без разлика дали зборуваме за надземна или подземна инфраструктура. Тука секако е хигиената, водовод, се бориме со загуби во вода во Скопје, канализација, образованието и културата, рече Шукова, зборувајќи за столбовите на програмата.

Како еден од поголемите проекти во програмата Шукова најави нов Луна парк, како „центар што ќе нуди повеќе забава за младите“ и најави продолжување на проектот за брз транспорт.

-БРТ е процес којшто застана четири години, за жал, тоа е проект којшто е спремен, технички, со документација, обезбедени се финансиски средства и сметаме дека тој проект треба да се спроведе, можеби со мали модификации, истакна Шукова.

Таа вели дека за овој проект најверојатно ќе треба мала адаптација бидејќи смета дека за негово реално исполнување ќе треба сериозна интервенција во Кисела Вода.

„Ќе треба да се размисли, бидејќи го разгледувавме убаво БРТ, значи ќе треба да се размисли дали ќе треба да се интервенира и во Кисела Вода бидејќи таму бара имплементацијата на БРТ-то најмногу интервенции. Впрочем јас колку што го знам БРТ-то таму ќе треба и рушење на веќе постоечки објекти, и да се потроши многу време и пари и треба да размислиме дали е тоа ефикасно од кој било аспект, од аспект на време и од аспект на трошење на многу средства“, вели Шукова.

Таа додаде дека патеката на БРТ ќе завршува во Центар, додека пак оттаму ќе се продолжува со еколошки автобуси, за превозот да биде, како што вели, комбиниран, брз, ефикасен, и еколошки подобен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот