Многу лобисти за АФД - Фотографија ЕПА, Филип Сингер

И Русија води пропагандна кампања за десничарската Алтернатива за Германија

При анализа на стотици пораки објавени на германски јазик на платформата Икс во текот на изминатиот месец биле препознаена „кампањата за дезинформирање преку двојници“, која Русија ја водела во 2022 година со цел да ја поткопа поддршката од Европа за Украина

Русија води кампања со дезинформации за да ги поткопа традиционалните политички партии во Германија и да придонесе за подобар резултат на екстремната десничарска Алтернатива за Германија на вонредните избори на 23 февруари, објави аналитичката организација Цемас.

Организацијата објави дека при анализа на стотици пораки објавени на германски јазик на платформата Икс во текот на изминатиот месец биле препознаена „кампањата за дезинформирање преку двојници“, која Русија ја водела во 2022 година со цел да ја поткопа поддршката од Европа за Украина. Шемата опфаќа споделување врски до фалсификувани западни медиуми што објавуваат дезинформации и лажни вести.

Москва упорно ги отфрла сите обвинувања дека на каков било начин води кампања за дезинформирање против западните земји.

При анализата на Цемас било забележано дека на платформата Икс зачестиле објавите во кои се обвинуваат Зелените за економската криза на Германија, во кои се критикува канцеларот во заминување Олаф Шолц поради поддршката за Украина и во кои се укажува дека не може да се има доверба во конзервативците. Од друга страна, имало повеќе објави во кои се фали АФД.

Дезинформациите биле поткрепени со врски до фалсификувани портали. Таквите објави биле прегледани повеќе од 2,8 милиони пати.

Конзервативниот блок партии, кој досега беше во опозиција, е на прагот да победи на вонредните избори во Германија, бидејќи анкетите укажуваат дека би освоил 29 отсто од гласовите. Екстремистичката АФД, пак, е на второто место со рејтинг од 21 отсто – двојно поголем од процентот на гласови освоен на изборите во 2021 година. Социјалдемократите на Шолц се на третото место со рејтинг од 16 отсто, а Зелените имаат рејтинг од 13 отсто. АФД не очекува покана за вклучување во владина коалиција, но настојува да освои доволно голем број пратеници за да блокира одлуки.

Екстремната партија неодамна доби поддршка и од американскиот милијардер Илон Маск, кој на сопствената платформата Икс, онаа што ја злоупотребуваат и руските пропагандисти, пренесуваше директно разговор со лидерката на АФД, Алис Видел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот