Шишиња пиво/ Фото: ФриПик

И пивото со намалена цена, се ограничува маржата на зеленчукот и на овошјето

Ќе следуваат и мерки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук, оризот, агрумите (лимони, портокали и мандарини), како и намалување на царинските стапки за млечни производи со масленост над 10 проценти.

Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува, а на него влегуваат и безалкохолните, алкохолните пијалаци, пивото и газираните води, со исклучок на енергетски пијалаци, најави на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Нивните цени ќе бидат намалени за 10 отсто, а референтен датум е 19 септември. Ќе следуваат и мерки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук, оризот, агрумите (лимони, портокали и мандарини), како и намалување на царинските стапки за млечни производи со масленост над 10 проценти. Овие одлуки ќе бидат донесени и објавени во наредните денови и ќе бидат спроведени во практика, додаде Ковачевски.

– Донесовме и нова одлука за намалување на маржата за овошјето и за зеленчукот, па дополнително ќе се намали цената на овие производи до 30 отсто – рече Ковачевски. Тој објасни дека според најновата владина одлука, највисоката трговска маржа на големо ќе биде до 10, а на мало до 15 отсто. Гарантираната цена ќе важи до 30 ноември, а одлуката ќе стартува од среда откако ќе биде објавена во „Службен весник“.

Тој им порача на трговците дека работењето со дигиталните алатки им овозможува исто како што брзо реагираат кога се во прашање поскапувањата, така брзо да ги намалат цените. Премиерот повтори дека Владата ќе успее да ја стабилизира инфлацијата до крајот на годината.

– Со септемвриските покачувања од 10 отсто на платите, очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8 отсто, а на храната да падне до 5 отсто – рече Ковачевски и додаде дека се во постојан дијалог со сите засегнати субјекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!