Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

И официјално грчките власти бараат ПЦР тестови за превозниците

Вчера неофицијално, а од денеска во 11 часот наутро, грчките власти бараат задолжителен ПЦР тест за превозниците. Веста за „Слободен печат“ ја потврди Биљана Муратовска од Макам-Транс, објаснувајќи дека пет километарската колона од камиони што ноќеска се создала на ГП Богородица, утрово била расчистена, а нашите камиони влегле на грчка територија.

За ПЦР тестовите плаќа грчката влада, но тоа предизвикува огромни колони пред границата, се чека со часови и ќе предизвика дополнителни трошоци за превозниците.

-Замислете илјада луѓе излезени од своите кабини како чекаат на ред за да им се земе брис? Проблемот е што не знаеме каде се сега камионите кои ноќеска влегле на грчка страна, оти требаше досега да бидат натоварени и да се враќаат назад во Македонија. Можеби се заглавени на меѓузоната – не знаеме, проверуваме – додава Муратовска.

Грчија најави воведување на нова мерка за заштита од коронавирусот за сите камиони кои влегуваат од балканските земји и во моментов трае жестока дипломатска битка против мерките на Грција.

-Нашите камиони секојдневно велгуваат и утвораат или истовараат стоки во пристаништето во Солун, затоа превозот на стока не смее да запре, бидејќи зависи целата економија и снабдувањето на населението – вели Муратовска.

Транспортните здруженија  се во постојана комуникацина со МНР и со кординативното тело за погранично управување, со притисок за да најдат решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот