Никола Димитров
Фото: МИА

И јануари е во оптек за почеток на преговорите со ЕУ, вели Димитров

Фокусот за договор со Софија за надминување на разликите е на декември, но периодот е краток и затоа не се исклучува и јануари како опција за датум за почеток на преговорите на земјава со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за ТВ24.

Тој потенцира дека актуелниот претседавач со ЕУ, Словенија, има стратешки интерес „да го мрдне регионот кон Европската Унија“, потсетувајќи дека по неа претседавањето со ЕУ го презема Франција, каде на пролет се предвидени претседателски избори.

– Иако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време, иако мислам дека фокусот треба да ни биде на декември, изјави Димитров.

Во пресрет на Самитот на ЕУ во декември утре во Скопје ќе престојува австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт, а исто так утре во дводневна посета на земјава ќе допатува полскиот претседател Анджеј Дуда. Една од главните теми на нивните средби со домаќините во Скопје, ќе биде токму европската перспектива на земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот