Пирамидална шема / креирана илустрација / Слободен печат

И Хрвати настрадаа од пирамидална шема – илјадници останале без „вложените“ пари

„Стабилен принос од 1 процент со вашиот почетен депозит од 1.000 евра, два сигнала на ден и потоа парите едноставно ви се на „Револут“ – ова била пораката што бројни Хрвати, претежно од на истокот на земјата, Славонија, ја добиле во последните недели, по што се решиле да „инвестираат“, пишува „Индекс“.

Во целата приказна имало една клучна информација – заработените пари ги добивате дури по 52 дена. И навистина, многумина што влегоа во оваа пирамидална шема на време преку платформата XUEX, организирана од извесна „ЕГ инвестмент“, успеале да ги повлечат парите и да заработат двојно.

Но, многу други кои биле во групите на „Телеграм“ преку кои комуницирале со платформата, синоќа сфатиле дека биле измамени и ги изгубиле парите во пирамидалната шема, објави регионалниот портал во Славонија и Барања, „Сиб“.

Минималниот депозит бил 1.000 евра, под услов да е инсталирана апликацијата „Xuex“ („Ксуекс“), „штедачот“ да има отворен акаунт на „Телеграм“ и банкарска картичка „Револут“. Членовите дневно во два наврата добивале „сигнали“ преку апликацијата, кои морале да ги потврдат. Со секоја потврда, износот на нивната виртуелна сметка растел.

По колапсот, Лео Смит, еден од лидерите на платформата, објави дека „Xuex“ е под финансиски контроли и дека проверките на властите ќе траат околу десет месеци, а членовите нема да можат да пристапат до своите пари до август следната година. Тој ги покани сите членови во меѓувреме да му се приклучат во неговиот нов финансиски проект, ветувајќи дека преку него ќе им надомести на сите актуелни членови на „Xuex“ половина од нивните депозити.

Пред неколку дена, хрватскиот математичар Тони Милун и професорот од ФЕРИТ во Осиек, Миљенко Шварцмаер, зборуваа за сето ова на социјалните мрежи, но многумина ги исмејуваа, велејќи дека шемата е 100 кредибилна и легитимна и дека немало измама.

„Измамите стануваат сè почести, а еве уште една. Добив неколку прашања во врска со „Xuex“ и „ЕГ инвестмент“. Тие гарантираат удвојување на уделите за помалку од два месеци. На овие работи најчесто „паѓаат“ оние кои не им веруваат на банките (па затоа чуваат пари дома) или на државата (не инвестираат во државни хартии од вредност како обврзници) или во фондови (велат дека сите тие се измами).“

„И потоа одеднаш веруваат дека можат да инвестираат 1.000 евра денес и да подигнат 2.000 евра за два месеци. Го прочитале тоа во оглас на интернет или добиле порака од непознато лице кое ги контактирало на Фејсбук. Луѓе, бидете внимателни. Не постои легална инвестиција што гарантира удвојување на вашата добивка за неколку месеци“, напиша Милун.

Членови на „Лајонес“ се жалат дека се измамени за милионски суми, тврдат дека имаат и докази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот