лични карти
СП. архива

И денеска може да подигнете документи од шалтерите во „Беко“ и МРТВ

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните карти и на возачките дозволи на домашна адреса со цел олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

-Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје – информираа од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот