Сообраќаен хаос гужва во центарот на Скопје /Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

И денеска метеж во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на српскиот премиер

И денеска ќе има метеж во сообраќајот во Скопје. Покрај дождот, кој го отежнува и онака хаотичниот сообраќај во главниот град, за денеска најавен е и посебен сообраќен режим поради посетата на српскиот премиер Ѓуро Мацут.

„Од утре, петок (03.10.2025) до (04.10.2025) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, г. Ѓуро Мацут. Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот