Фото: Принтскрин/Јутјуб

Хутите го гаѓаа Израел со хиперсонични ракети и беспилотни летала, нема штета

Јеменската бунтовничка група Хути ја презеде одговорноста за нападите со ракети и беспилотни летала врз Израел, објави денес Ал Џезира.

Како што е наведено, хиперсонична балистичка ракета опремена со повеќе боеви глави беше испалена кон Тел Авив, додека две беспилотни летала беа испратени во Еилат во Јужен Израел.

„Нападот е извршен како одговор на геноцидот и опасната ескалација што Израел ја спроведува против нашиот народ во Газа“, се вели во соопштението на Хутите.

Во соопштението, Хутите исто така рекоа дека ќе продолжат да „ги исполнуваат своите религиозни, морални и хуманитарни должности сè додека не престане агресијата врз Газа“.

Израелската војска соопшти дека балистичката ракета била успешно пресретната и дека не предизвикала никаква штета, додека немаше коментар за нападот со беспилотни летала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот