
Хулиганите остануваат во грчкиот затвор, обвинети се за четири кривични дела
Грчката полиција отвори обвинение против 104 хулигани кои учествуваа во нередите во Атина во кои животот го загуби 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис. Порталот „NewsIT“ објави дека против хулиганите е отворено обвинение за четири кривични дела и седум прекршочни пријави.
Препорачано
Кривичните дела за кои се товарат се: убиство од небрежност, приклучување кон криминална организација, поседување експлозивни направи и предизвикувајќи експлозија.
Прекршочните пријави се поднесени поради: нарушување на јавниот ред и мир, обид за нанесување телесни повреди, нелегално носење оружје, употреба на оружје, поседување факели, оштетување на туѓ имот и за насилство.
Во текот на истрагата се прегледуваат одземените мобилни телефони на уапсените и се прават ДНК анализи со цел да се пронајде сторителот на убиениот навивач. Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека грчки навивач бил сторител на убиството, но засега тоа не е потврдено од официјални органи.
Ќе потсетиме, натпреварот беше одложен и сега Динамо ќе биде домаќин на првиот натпревар од двомечот на 15-ти август, додека реваншот е закажан за четири дена подоцна.
ФОТО: Поранешен босански репрезентативец ги поддржа хулиганите на грчкиот АЕК
Ниту Хрватите не поминале лесно: Најмалку тројца навивачи на Динамо имале убодни рани